Add-ons се одделни компоненти; треба да направите download на компонентата за време на извршувањето на HAPedit при нивното прво користење.
(Види SmartUpdate за upgrade на компонентите)

Add-Ons компонентите може да ги стартувате преку менито: Алатки | Add-ons.
Исто така може да додадете копче на алатникот преку кое ќе ги повикувате компонентите; види Мени: Опции | Алатник.

! Пред деинсталацијата, прочитај ги препораките подолу за сигурна деинсталацијата.
 

Add-Ons компоненти се:
SmartUpdate:
Овозможува да направите upgrade на HAPedit преку интернет (доколку сте поврзани).
Овој модул врши download на апликацијата и преинсталација на add-ons компонентите со нивната последна верзија (или врши download на нивните верзии).
Датотеките кои се симнати се сместуваат во подпапката 'Updates' во HAPedit.
Препорачливо е да го користите SmartUpdate за upgrade на HAPedit.
Screenshot
 
FTP менаџер: (FTP Client)
Служи за праќање на проектните датотеки на web.
Оваа компонента не е конзола; има изглед на windows file explorer, со две листи.
Screenshot
 
Архивер:
Овозможува со само 7 клика да архивирате било кој проект.
Screenshot
 
iCoBoX:
Ви овозможува да креирате .gif датотека од било која икона (.ico, .icl, .exe, .dll).
Screenshot
 
Shortcuts/Explorer:
Додава shortcut во Windows explorer, за "HAPedit" во PopUp менито (десен клик), за датотеките кои се дефинирани за HAPedit.
Исто така овозможува да се додаде shortcut за HAPedit на неколку други локации.
Искористете ја оваа add-on компонента за да ја комплетирате инсталацијата.
Screenshot
 
Препораки за деинсталација:

Само add-on 'Shortcuts/Explorer' компонентата запишува податоци надвор од HAPedit папката.
Ако сте сигурни дека не сте ја користеле оваа компонента тогаш директно одете на чекор 6.

  1. Стартувајте ја add-on компонентата 'Shortcuts/Explorer'
  2. Изберете ги сите опции во секоја табела
  3. Изберете ја операцијата 'Remove ...' во секоја табела
  4. Кликнете на Apply'
  5. Затворете го прозорецот
  6. Затворете го HAPedit
  7. Избришете ја датотеката 'ht_adds.bin' лоцирана во HAPedit папката.
Забелешка:

Барам идеи за нови add-ons компоненти, можеби некоја од нив ќе биде интегрирана во HAPedit.
Моментално работам на интеграција на CSS уредувачот.
 

Види исто така: HAPedit

 Јуни 2017 Powered by php на почеток од страната 
Мапа на сајтот | Избор на јазик | Контакт
– Верзија 3.09.2009 –