Тука сте: Старт » Уредувач » Php

Средувањето на Php страните работи одлично, бидејќи HAPedit може да ги прифати пораките од php компајлерот.

Ctrl+F9 ги дава грешките при компајлирање na php страната, се разбира доколку имате инсталирано PHP engine.
Забелешка: исто така може да го компајлирате php кодот директно користејќи се со php.exe, без користење на серверот. (Види: Опции "php direct").

Потенцирањето на синтаксата на php/html е една од главните карактеристики на HAPedit. Kако и кај html постои автоматско комплетирање на кодот - се предлага комплетирање на php функции или променливи. Уште повеќе, HAPedit ги предлага php параметрите за php функциите.
Види: потенцирање на синтакса за php/html, потенцирање на синтакса за php/html HTML tags, PHP функции и PHP променливи.

Таканаречениот 'Brace-matching' врши потенцирање на блоковите: '{}', '[]' и '()' додека се впишува кодот. Shift+Ctrl+K го потенцира целиот блок. Alt+Up и Alt+Down го поместува курсорот на почетокот, односно на крајот од блокот.

Доколку курсорот е позициониран на некоја php функција (пример: echo, mysql_connect), Ctrl+F1 ја прикажува страната од php напатствието која ја опишува функцијата. Ова може да го направите on-line или off-line доколку направите download на напатствието (chm форматот се препорачува но е подржан и 'Многу HTML датотеки' форматот).

Во менито 'Страна', функцијата 'Вметни датотека', овозможува додавање на 'require' директива (или 'include') со селекција на соодветна датотека.

Alt+F2 Прикажува прозорец со хиерархиски преглед на кодот.
Shift+Ctrl+B вметнува тагови "<? ?>"
Shift+Ctrl+C врши конверзија на селектиран текст.
Shift+Ctrl+P на двојните наводници во селектираниот текст им додава escape знак (односно конвертира " во \").

Во низите, т.е. '<? echo("...', може да пристапите до сите html функции. Тоа значи дека може да го користите HAPedit интерфејсот за уредување на html тагови во низите. Види: Вметнување на <img> таг.

Види исто така: Html, Asp, Уредувач, Друго!

 Март 2024 Powered by php на почеток од страната 
Мапа на сајтот | Избор на јазик | Контакт
– Верзија 3.09.2009 –