Тука сте: Старт » Уредувач

Уредувачот со својот multi-document интерфејс, работи во текст-мод и се користи со ваши(от/те) browser(-и) за прегледување на документите.

При пишувањето на кодот, може да повикате една од функциите за проверка: на непостоечки линкови или слики.
Може да извршите екстракција од кодот на сликите и линковите, за нивна детална проверка; сите екстракции се прават после 'компајлирањето' за динамичките јазици, како што се php или asp.
Види: img-1 | img-2 | link-1 | link-2

Кога се зборува за "компајлирањето", се мисли на генерирањето на html код; ова е слично како да го гледате изворниот код во вашиот browser: динамичкиот код после извршувањето е променет во html јазик.
Ова е возможно, ако имате инсталирано локален web server (Apache, IIS или PWS) на вашата развојна машина.

Компајлирањето исто така се користи (автоматски) за пресметување на времето за download на тековно уредуваниот документ.
Види: својства на кодот

Сите функции кои се повикуваат на 'компајлирање' можат да се извршат со задавање на QueryString.

Дополнително, покрај автоматското комплетирање на програмскиот код, имате можност брзо да вметнувате блокови на урнеци за програсми код кои претходно сте ги дефинирале.

Пребарувањето на низа од текст (search/replace) може да се изврши во тековно уредуваниот документ, само во отворените документи или во документите од проектот, со опции како во стандардните изрази (POSIX) или со користење на џокер знаци ("*.php?;*.inc").

Види исто така: Html, Asp, Php, Друго!

 Мај 2025 Powered by php на почеток од страната 
Мапа на сајтот | Избор на јазик | Контакт
– Верзија 3.09.2009 –