HAPedit нуди едноставен но ефикасен интерфејс за креирање и уредување на HTML тагови.
Копчињата од алатникот (Tool bar buttons) овозможуваат брз избор и вметнување на бараниот таг.
На сликата погоре, може да се видат копчињата за соодветни акции за уредување на страна, форми, слики, линкови, табели, текст и други специјални функции.
За уредување на некој таг, користете комбинација на тастери: Ctrl+E или со двоен клик на глушецот во кодот каде се наоѓа тагот. ScreenshotРазвојот на Html кодот е олеснет со потенцирање на синтаксата и автоматско комплетирање на кодот.
Автоматското комплетирање на кодот е помагало кое се активира додека пишувате клучен збор од кодот на тој начин што ви се нудат можните опции за завршување на истиот.
Види: потенцирање на HTML синтаксата, автоматско комплетирање на кодот за HTML тагови и за HTML атрибути.Во html тагот (т.е.: blockquote, табела) со Ctrl+F1 се повикува on-line помош за тагот.
Помошта може да биде во формат на стандарднa Windows .hlp датотека или пак некоја папка со .html датотеки, како што е случајот со DreamWeaver.Едиторот го покажува кодот во текстуален мод, а се користи со вашиот омилен прелистувач (browser) за прегледување на страните.
Може да дефинирате неколку прелистувачи, со цел брзо од HAPedit да извршите проверка на компатибилноста на приказот на страната во различни прелистувачи.
Јули 2025 |
![]() | на почеток од страната |