HAPedit 3.1
Повеќекориснички мод
"Повеќекорисничкиот" мод овозможува повеќе корисници да делат една заедничка инсталација на HAPedit.
Ова е можно од верзијата 3.1 па натаму.
Можно е заедничката инсталација да се дели мрежно или пак од повеќе корисници на една машина.
Во двата случаи, секој од корисниците потребно е да има сопствена папка за своите подесувања.
За да дознаете каде се сместени вашите подесувања, погледнете во менито: Информации → Работна околина
→ "Папка на подесување".
- 1) Read + Write (без мрежа)
Највисоко ниво. Вие имате пристап до сите функции:- 2) Read + Write (мрежно)
Може да вршите download на нови модули и да правите надградба користејќи се со Smart Update.
Вие сте Super Administrator, единствениот кој има право да го стартува Smart Update.
"Класично" Administrator ниво. Може да вршите download на нови модули (Add-ons и Развојни јазици).- 3) Read Only
Овие модули веднаш ќе бидат на располагање за сите корисници.
Корисничко ниво. Можете да ги користите само модулите кои веќе се инсталирани од страна на админинистраторот.
Нема други ограничувања.
Важно за администраторите
Администраторот може да подеси некои претпоставени опции за новите корисници при нивното прво стартување на HAPedit. Ова овозможува полесно конфигурирање на мрежните ресурси. Пример, администраторот може да ја подеси "Главната папка", листата на проекти во мрежата, како и локацијата на help датотеките, како што е PHP или HTML напатствието.
Овие подесувања се дефинирани во инсталационата папка на HAPedit во датотеката "network.ini". За да ја видите листата на подесувања кои можат да се предефинираат како претпостaвени вредности погледнете ја датотеката "network.ini-dist", која доаѓа спакувана во .zip архивата.
Заклучок:
- Само новите корисници ја читаат оваа датотека. Тоа не влијае на подесувањата на постоечките корисници.
- Само подесувањата во датотеката network.ini-dist можат да се подесуваат како предефинирани параметри.
Мај 2025 |
![]() | на почеток од страната |