HAPedit 3.1

FAQ, најчесто поставувани прашања
Тука сте: Старт » Најчесто поставувани прашања » FAQ, најчесто поставувани прашања
Како се врши назабување на текстот?
Прво селектирајте го текстот кој сакате да го назабите, потоа
- притиснете TAB за да извршите назабување на десно,
- Shift+TAB за назабување на лево.
Како да ја деактивирате функцијата за замена на tab знаците?
Не може; HAPedit нема да работи ако има tab знаци во кодот. Затоа се заменуваат со празни места.
Но ова не е конечно решение, се трудам да направам подобрување на кодот со цел прифаќање на tab знаците...
Зошто "Затвори се" остава еден документ отворен?
Во Опции, табла "Датотеки", има една опција "Секогаш нека има еден отворен документ".
Како да специфицирам корисничко име и лозинка за мојот прокси сервер?
Во Опции, табла 'Конекција', полето 'Прокси адреса', употребете го следниот формат:
http://user:password@proxyurl/
Ако мора да го специфицирате само корисничкото име:
http://user@proxyurl/
Пример:
http://mylogin:mywd@www.anonymizer.com/ or http://monlogin@www.anonymizer.com/
Зошто при компајлирање на php кодот се игнорира "QueryString"?
"QueryString" работи само ако вршите компајлирање со помош на вашиот web сервер но не и директно со "php.exe".
Во Опции, панел "Php" , опцијата 'Користи локален сервер'. (наместо 'php direct')
Како автоматски да се прекршуваат долгите редици?
Опцијата 'word wrap' не постои во HAPedit.
Морате ова да го направите мануелно.
Зошто не може да се избере било кој фонт за работа со уредувачот?
HAPedit уредувачот работи само со 'пропорционални' фонтови. Што значи дека буквата 'i' е со иста широчина како буквата 'm', што овозможува коректно назабување на текстот во вашиот код.
Дали се планира Linux верзија на HAPedit?
Да, размислувам за тоа; Само што започнав со Kylix и Linux...
Кај ASP/PHP автоматското комплетирање на кодот не функционира со "include" датотеките?
Точно така, тоа доаѓа од таму што треба да се пребаруваат дефинираните променливи во датотеките повикувани со "require", "include", итн. Тоа ќе функционира ако HAPedit може да процени каде се наоѓа релативниот пат до овие датотеки. За да биде ова можно, потребно е да специфицирате која е "root" папката за вашиот проект, тоа е патот каде што се лоцирани ASP/PHP датотеките со директивите "require" или "include".
Види мени: Датотека -> Root папка
Види исто така: Додатоци
Мај 2025 |
![]() | на почеток од страната |