HAPedit 3.1
Развојни јазици
Датотеките на развојните јазици (.lng) се обични датотеки во кои се дефинирани клучните зборови на јазикот.
Клучните зборови во .lng датотеката се организирани во структура на дрво на две нивоа. (Screenshot)
- .lng датотеката е форматирана како стандардна windows .ini датотека:
За креирање на група на клучни зборови, називот на групата запишете го во аглести загради []: Пример [математички функции]
За додавање на клучен збор во групата на клучни зборови, впишете го името на клучниот збор во нов ред
додадете го знакот '=' а потоа вредност помеѓу 1 и 4 која означува:
1=>Колекција/Табела 2=>Својство 3=>Метод/Функција 4=>Настан
пример:
stringtoadd=3
За да дефинирате контекст осетлива помош
додадете | (pipe) и вашиот текст:
stringtoadd=3|Ова е контекст осетлива помош
Погледни ги .lng датотеките кои доаѓаат со HAPedit како примери. (Php, Asp, VBScript, ADODB и CSS). - Во зависност од терминологијата на јазикот, текстот кој го вметнувате може да биде табела/колекција, својство/константа/варијабла, метод/функција, настан.
- Прозорецот за опис на јазикот може да се прикаже со притискање на Crtl+D.
- Ако сакате да додадете, промените или да извршите било каква конфигурација во вашиот развоен јазик, види Мени: Опции | Развојни јазици:
Секој јазик си има свои сопствени параметри за вметнување кои можете да ги подесувате по ваша желба. (десен клик)
Мај 2025 |
![]() | на почеток од страната |